По поводот почетокот на новата училишна година, Зоолошка градина Скопје подготви многу изненадувања за најмалите посетители.
Утре од 12 до 14 часот секое детенце ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а маскотата кенгур ќе дели и мали слатки задоволства.
„Orange kids club” подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини.
Во недела во 12 часот ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката.
Летово Зоолошка градина Скопје бележи рекорди во посетеност. Неделно има и по 11 000 посетители, што е двојно повеќе во однос на минатото лето со што Зоолошката е најпосетената установа во Македонија.