Во кривичниот суд во Скопје продолжи испитувањето на загрозениот сведок во случајот ,Монструм”. На замаглен екран и со модифициран глас, загрозениот сведок го испитуваа судиите.
– Чув истрели пред да ги видам телата – рече загрозениот сведок. Се присети дека околу езерото имало шамаци со жолтозелена боја со висина од 1,5 до 2 метри.
Тој не се сети дали обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ги видел кај езерото.
Судијата Огнен Ставрев рече дека постапката за нивната екстрадиција од Косово е интензивирана.
Загрозениот сведок не можеше да се сети дали имало крв околу четирите мртви тела. Сведокот рече дека не видел кој пукал во жртвите.
– Ова не е загрозен сведок, туку лажен сведок – рече адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.
На барање на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на увидот во „опелот” најден во близина на Смилковци, каде беше пронајдено влакно со иста ДНК на еден од обвинетите, ќе присуствува и јавноста./Макфакс