Заев: Одбројуваме до денот кога народот ќе излезе за европска Македонија ВИДЕО

240

Денес е важен ден за иднината на Македонија, ова е денот кога со цела политичка одговрност засатнува Коалицијата „Излези за европска Македонија“. Ние сме Коалиција која сме соглани заеднички и оделно да ги повикаме граѓаните да гласаат „за“ европска Македонија, порача премиерот Зоран Заев во најавата за референдумската кампања. Тој рече дека досега околу 100 субјекти застанале зад Колаицијата и оти очекува нови приклучувања.

– Од овој моемнт одбројуваме кога нашиот народ ќе излезе за еврпска Македонија. Само еден настан може да се спореди со ово, а тоа е кога гласавме за независна и суверена Македонија. Постои директна линија што ги поврзува 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година. Тоа се два големи настани, големи чекори што ги преземаме како одговорни граѓани и со кои ја обезбедуваме иднината на нашата земја како суверена и горда држава, со признаен и потврден македонски јазик, со химна и знаме кои ќе бидат дел од големото европско семејство, од ЕУ и од моќниот сојуз на НАТО. Исто како во 1991 година овој нов рефернфум ќе се оствари со консензус, односно сите граѓани ќе бидат заедно за европска Македонија – рече Заев.

Тој порача дека сега е моментот кога сме исправени пред прашањето кое е поважно од сите партии и затоа треба да прифатиме и зграпчиме оваа долгоочекувана шанса  и да тргнеме кон последната етапа кон НАТО и ЕУ.

Тој ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи референдумот.

– Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат силни причини да се приклучат. Знам дека се за европска Македонија, но и знам дека се против Договорот за името. Немојте да ја пропуштите оваа шанса да станеме дел од ЕУ.
Ги повикувам Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ни се приклучат оти Европа и НАТО се над партиската политика – порача Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...