Во периодот од 22 до 23 часот денеска ќе се санира дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 Демир Капија, правец Гевгелија – Скопје, информира Авто мото сојузот.
Поради тоа десната сообраќајна лента во тунел 1 Демир Капија ќе биде затворена еден час.
Во овој период на поправка на инсталацијата брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 километри на час, а сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.