Во Мексико на улица убиен новинар на Канал 10

317

Убиен е репортер на телевизијата Канал 10, соопшти таа медиумска куќа. Хавиер Енрике Родригез Ваљњадарес е осмиот новинар убиен во Мексико од почетокот на годинава.

Канал 10 соопшти дека Ваљадарес бил снимател, но работел и интервјуа и репортажи на политички теми.

Локалните медиуми информираат дека тој бил убиен на една од главните градски улици во Канкун.

Мексико се смета за една од најопасните земји во светот за новинарите. Во 2017 година убиени се 17, а од 2000 година во Мексико се ликвидирани повеќе од 100 новинари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...