Обезбедување на училиштата и градинките ќе го плаќа Општина Аеродром

201

Општина Аеродром од 1 септември ги презема трошоците за обезбедување на основните училишта и детските градинки што до сега ги плаќаа родителите, соопшти Општината.

– Преку овој проект не само што се грижиме за безбедноста на децата, туку сакаме и да им помогнеме на родителите да ги намалат трошоците за образование на своите деца. Општина Аеродром за обезбедување на училиштата и градинките во својот Буџет предвиде пет милиони денари. Одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите на стартот на новата учебна година, заедно со еднократната помош од 3.500 денари за секое прваче – велат од Општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...