Македонската женска фудбалска репрезентација денеска со почеток во 17 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го одигра првиот од двата контролни натпревари против репрезентацијата на Косово.
Селекторот Кирил Изов за двете пријателски пресметки против Косово ќе смета на следните фудбалерки: Ели Јаковска (Брезница, Црна Гора), Крстаноска Симона (Олимпија, Словенија), Ангеловска Маја (Олимпија, Словенија), Трајковска Романа (Судоч Цирих, Швајцарија), Николовска Павлинка (Црвена Звезда, Србија), Коларовска Сара (Драгон), Боглева Мартина (СЦ Истатов), Лекоска Магдалена (Драгон), Стојковска Ангела (СЦ Истатов), Чубриноска Јана (СЦ Истатов), Колевска Драгана (СЦ Истатов), Марковска Александра (СЦ Истатов), Митревска Марина (СЦ Истатов), Панчурова Викторија (Тиверија), Елена Паневска (Тиверија), Максути Јилза (АС Јунајтед), Поповска Александра (АС Јунајтед), Хава Мустафа (Тетово), Мила Талевска (Каменица Саса), Велевска Даниела (Драгон).
Вториот меч е закажан за в недела (2 септември) исто така од 17 часот.