Каде е Брус Вилис?

Ќе беше добро ОБСЕ и голем дел од меѓународната заедница да имаа толку изострени сетила во времето кога Груевски го создаваше Сваровски и тефтер судството, но за поздравување е што барем сега се сетија да ги отворат очите, па нека е мета на нивната критика и херојското СЈО. Да се надеваме дека ќе останат будни и во иднина и повнимателно ќе ги следат сигналите на независните интелектуалци и бранители на човековите права.

1669

Знаете ли зошто Брус Вилис не добил улога во филмот „Титаник“? Затоа што ќе го спасел. Е, па, таков филм нема да гледаме, затоа што Мицкоски е далеку од Брус Вилис. А Груевски прво ќе го прегази „Тенк“, за потоа и да потоне како „Титаник“. Да се надеваме дека извештајот на ОБСЕ во која имаше критики дури и за СЈО, правдата ќе добие малку поразумна брзина и дека делата за кои СЈО води истраги од септември 2015 ќе се привршат кон логичната и толку очекувана завршница. Оти, нема правда, нема мир, нели? Малку подзаборавена парола што многумина денес ги потсетува на големите (залудни) очекувања…

Ќе беше добро ОБСЕ и голем дел од меѓународната заедница да имаа толку изострени сетила во времето кога Груевски го создаваше Сваровски и тефтер судството, но за поздравување е што барем сега се сетија да ги отворат очите, па нека е мета на нивната критика и херојското СЈО. Да се надеваме дека ќе останат будни и во иднина и повнимателно ќе ги следат сигналите на независните интелектуалци и бранители на човековите права.

Тајмингот на очекуваните првостепени и второстепени одлуки на судовите се совпаѓа со референдумот. Ако одлуката на Апелација со која ќе се потврди затворската казна за Груевски се донесе во септември (крајно време е), во дел од јавноста тоа ќе се протолкува како политички притисок и заплашување на противниците на референдумот. Пропагандистите на ВМРО-ДПМНЕ и Кремљ ќе го насликаат Груевски како политчки великомаченик. Но, со тоа само уште еднаш ќе потврдат дека, наспроти молкот и неодлучноста, тие се активни организатори на бојкотот.

Ако судот одлучи да ја одложи оваа одлука за по референдумот, тоа ќе значи дека е подложен на политички влијанија. Но, човек не мора да биде Америго Веспучи, за да го констатира тоа. Воедно, ќе им овозможи бришан простор на бојкотирачите да притиснат со сите сили, за да го осуетат референдумот. Нема да им успее, тоа е јасно веќе со недели, но не смее да се занемари што овие структури се подготвени да направат. Со евентуалниот неуспех на референдумот, се отвораат можности за ерупција на политичка криза од која нема да има брз и безболен излез, а ѕвецкањето со мечеви во регионот само ќе ја усложни целата работа.

Значи, како и да одлучат судовите во овој период, ќе биде деликатно. Но, токму затоа се очекува, особено од храбрите и независни судијки и судии, какви што, за среќа, имаме, да одлучат според словото на законот и според неопходната динамика, во разумни временски рамки. Без оглед на тоа дали неколкуте стотини радикали во земјава ќе се насолзат од веста дека нивниот Кољо заминал во ладовина.

Ако е за утеха… Една реформа на, кхм-кхм, реформската влада на Заев сигурно се спроведе. Тоа е делот што се однесува на затворските услови. Така, добивме реновиран затвор во Идризово, на ниво на хотел со четири и пол ѕвездички. Така, Груевски и неговата тврдокорна братија ќе ги пропуштат условите во затворите каде што токму тој ги затвораше оние што размислуваа поинаку од него.

Така треба да биде, бидејќи државата не смее да се одмаздува. А ние можеме малку да чкртнеме со забите, онака, меѓу два вица, еден за минатата и еден за сегашната влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...