Кацарска до Јанкулоска: Со мене не може така, ако за 5 минути не дојде адвокат, ќе ги казнам

3289

Судијката Добрила Кацарска на судењето во издвоената постапка за предметот ,,Тенк”
рече дека иако се уредно повикани и двајцата адвокати не се на рочиштето.

– Или да се јави еден адвокат, или ќе ги казнам и двајцата со висока парична казна и ќе ви назначам бранител по службена должност – и рече судијката на ексминистрката Гордана Јанкулоска.

Ова се случува бидејќи истите двајца адвокати Боро Тасевски и Сања Алексиќ
ги бранат обвинетите во предметот „Насилство”, каде тече испитувањето на сведокот од СЈО.

– Со мене не може да се однесувате така. Денеска има покането шест сведоци – дополни Кацарска.

– Во ваш интерес е да дојде барем еден бранител – додаде судијката.

Јанкулоска рече дека можеби против волја на адвокатот, нејзиниот бранител Боро Тасевски ќе ѝ го откаже полномошното. Судијката и кажа да им се јави веднаш и ако за 5 минути не дојдат ќе ги казни парично со висока сума.

Со доцнење од 20 минути адвокатите дојдоа во судницата и судењето продолжи./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...