Прилепчанец починал вчера околу 10.30 часот откако му се слошило додека стоелнепосредно до брегот на Охридското Езеро.
Седумдесет и осумгодишниот М.М. паднал во водата, а од присутните граѓани бил изваден и му била укажана помош. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде е констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на несреќата.