Трамп доби црвен картон, па им го даде на медиумите

390

На состанок во Белата куќа, претседателот на ФИФА Џани Инфантино на американскиот претседател му подари црвени картони, што наишло на одобрување кај Доналд Трамп.

Инфантино на Трамп му подарил два дреса, а потоа му подарил и црвени картони.

– Знаете, во фудбалот имаме судии. Тие имаат картони. Црвени и жолти. Жолтиот картон е предупредување, а кога сакате некого да исфрлите, му покажувате црвен картон. Може да е корисно, не знам.., му објасни првиот човек на ФИФА на американскиот претседател.

Американските медиуми информираат дека на Трамп тоа многу му се допаднало, па се преправал дека им дава црвен картон на медиумите.

Тој веќе подолго време е „во војна“ со медиумите, обвинувајќи ги дека шират лажни вести.

Инфантино дојде во Белата куќа за со Трамп да разговара за Светското првенство во фудбал, кое во 2026 година ќе се одржи во САД.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...