Верски празник како мотив за крпење на улица и соодветно за реклама на локалните власти и јавните претпријатија. Ете, до тука стигнавме.
Сме виделе свашта во овие години на растење со Македонија. Отварање чешми и канти, цркви како урбана опрема, урбана опрема како цркви, сечење ленти и осветување полициски станици и болници, сечење шуми и планини за парите да се соберат и нови анекси да се потпишат.
Овде ништо не се прави зашто треба да се направи за луѓето. Мораш да си некоја категорија за да се почувствуваш дека има нешто и за тебе тука. Еве верник, партиски, провладин, нешто про секако мора, не дај боже анти или контра.
А за сѐ плаќаме, верувале или не. Секогаш подмирени како клиенти, или како измаченици на овој терор од држава.
Најтрагичниот заклучок е дека ние незадоволните клиенти не сме единствените духови во овој криминал, туку гледаш дека баш институциите и луѓето кои ветуваа дека нешто ќе поправат, се всушност само сенки, бројки, една голема небулоза.
(ФБ статус на авторот)