На иницијатива на премиерот Зоран Заев, денеска ќе се одржи средба на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите кои што се во насока на полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Тема на вечерашната средба е референдумот и најважната државно-политичка цел: евроатланскиот пат на Република Македонија, приоритети од кои зависи иднината на државата и сите наши граѓани, соопшти СДСМ.
Средбата ќе се одржи во „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 20 часот.