Снежана Калеска-Ванчева стана пратеничка

361

Собранието го верификува мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева која доаѓа на местото на пратеникот Петар Атанасов.

Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднесе оставка на функцијата, која денеска беше констатирана. Атанасов се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека го известиле наредниот кандидат, Снежана Калеска-Ванчева од листата на кандидати за пратеници за ИЕ 1 од СДСМ и коалиција. Во законскиот рок Калеска-Ванчева ја известила Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието по што и е издадено уверение.

На седницата не беа присутни пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...