Со фалс 100 евра купил две штеки цигари и добил кусур

131

Во киоск на улица „18 Ноември“ во Гостивар, Ј.Љ.(52) од село Јанчиште, пријавила дека во објектот влегло непознато машко лице, купило две штеки цигари и платило со банкнота од 100 евра. Таа му вратила 3.300 денари. Откако лицето го напуштило објектот, Ј.Љ. утврдила дека банкнотата е фалсификувана.

Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...