Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева им забележа на судовите дека споро ги закажува рочишта за предметите на специјалното обвинителство.
– Во септември во судот е закажано само 1 рочиште за „Титаник“ – рече Јанева на презентацијата на преодниот извештај на ОБСЕ за судските предмети на СЈО.
Таа го спореди распоредот на предметите на СЈО со закажувањето рочишта за насилството во Собранието.
– Иако Врховниот Суд нема конкретен рок за одлука сепак мислам дека во случајот „Труст“ ја злоупотреби својата положба и овластување со одлагањето на одлуката за притвор за обвинетите. Тоа им овозможи на двајца (Грујевски и Бошковски) да добијат инсајдерски информации и да избегаат од државата – рече специјалната обвибителка.
Јанева истакна дека не стравува оти ќе застарат предметите, но очекува и судот да води сметка за тоа.
Мишел Принс правен советник на ОБСЕ рече дека кај оваа организација постои загриженост дека СЈО до сега покренало само истраги и обвиненија за сегашната опозиција, а не и за власта.
Специјалната обвибителка на ова одговори дека од слушањето на разговорите, јасно е дека најкомотно се однесувала тогашната владејачка партија, бидејќи како што рече, сметале дека никој не ги прислушува нивните разговори. Јанева рече дека има предистражни постапки и за некои тогашни опозицинери, но не можат засега да наидат на некој кривично птавен доказ за да бидат обвинети.
ОБСЕ забележа дека симптоматично е тоа што во предметите на СЈО судовите речиси и да нема изречен притвор, а во другите случаи судовите често ја изрекуваат таа мерка.
Јанева истакна дека е задоволна со досега поднесените 15 обвиненија и рече дека со добивањето на надлежноста врз други предмети, во следниот период ќе отворат нови истраги. Таа рече дека задоволна од сораотката со ЈО, ЈО за организиран криминал и корупсција и со другите институции, за која рече дека е многу подбрена.