СДСМ: Македонија се движи во вистинска насока, граѓаните се ЗА членството во ЕУ и НАТО

167

Релевантните анкети на јавното мислење, меѓу кои и денеска објавената анкета на ИРИ, потврдуваат дека Македонија се движи во вистинска насока и дека граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО, соопшти СДСМ.

– Граѓаните во Македонија препознаваат дека по демократските промени земјава се движи по вистинскиот пат, дека е постабилна и се развива. Секако дека има уште многу работа. Постојат предизвици и потребна е засилен ангажман на повеќе полиња, за спроведувањето на реформите, Македонија да биде општество кое функционира по европски правила. Охрабрува тоа што го потврдуваат анкетите, граѓаните се одлучни за интеграција и полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Високата поддршка од граѓаните за влез во НАТО и ЕУ е уште една потврда дека е препознаена важноста и придобивките од членството, дека граѓаните се определени за интеграција и напредок, наместо изолација и уназадување.
Република Македонија може сите свои стратешки приоритети да ги оствари само со членство во ЕУ и НАТО. Пред нас е клучен, историски момент. На референдумот на 30-ти септември граѓаните ќе ја одредат македонската иднина, стои во соопштението.

Од СДСМ додадваат дека силната определба на граѓаните за европска Македонија е дополнителен мотив сите политички субјекти да покажат одговорност пред себе и пред граѓаните и да се вклучат во процесот што ја води нашата татковина во ЕУ и НАТО.
Сите политички партии треба да ја искористат оваа историска шанса, јасно и недвосмислено да ги повикаат граѓаните да излезат на референдумот на 30-ти септември, ЗА македонската иднина во ЕУ и НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...