Кацарска до Јанкулоска: Да Ви е здраво и живо детето

2085

Нека ви е здраво и живо детето, ѝ рече судијката Добрила Кацарска на обвинетата екс министерка Гордана Јанкулоска на првото рочиште откако Јанкулоска пред судот рече дека постојат измени во нејзините податоци и дека сега е мајка на малолетно дете.

Адвокатот Боро Тасевски побара одложување на оваа постапка сѐ додека Апелацискиот суд не донесе одлука по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за истиот овој предмет.

Кацарска ја праша Јанкулоска и на колку време ѝ треба пауза, на што обвинетата одговори дека на секои три часа ќе треба да појде до дома. Судијката рече дека нема да ѝ ускрати ниту едно право на Јанкулоска и ќе дозволи паузи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...