„На Точак“: Град Скопје да се приклучи кон кампањата за превоз без автомобил

73

Неформалното здружение „На Точак“ денеска на 76-тата Критична маса, заедно со велосипедистите во градот, ќе побараат од општините поголеми заложби во поддршката на здравиот транспорт во градот.

Тие од град Скопје и осум општини во понеделникот побараа покревање на свеста за превоз што не вклучува автомобил, како неефективен и штетен тип на превоз и поголеми напори насочени кон менување на моменталните транспортни навики. Како прв чекор во тоа е одбележувањето на Светскиот ден без автомобили на 22 септември.

Многу градови ширум Европа ќе ги затворат своите улици за движење на автомобили за еден ден во септември, како дел од кампањата Ден без автомобили (Car – Free Day) во рамки на овогодишниот European Mobility Week. Почнувајќи од 22 септември 2000 година, кога 760 градови ширум Европа го поддржаа организирањето на Ден без автомобили, секоја година учество земаат и нови градови јасно покажувајќи дека започнуваат план кој ќе ги менува нивните градови во однос на транспортните политики. Дека имаат план во кои предност ќе има квалитетниот живот на луѓето.

Денот без автомобили е ден кога се слави здравиот транспорт во еден град.

„НаТочак“ предлага на секоја општина во Скопје, на 22 Септември (сабота), да затвори за автомобилски сообраќај една улица која е во надлежност на општината, но и да подготви програма и да организира активности за граѓаните (со локални уметници, музичари, здруженија и сл.) на таа улица во текот на денот, со што ќе ги мотивира да дојдат и да се задржат на таа улица, за да ја доживеат на поинаков начин. Секако, самите граѓани треба претходно да бидат добро информирани и запознаени со целта на денот, со активностите кои ќе се преземат и за затворањето на улиците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...