СДСМ не планира да потроши повеќе од 300 до 400 илјади евра за кампањата за референдумот. Кампањата треба да помине во пријатна и привлечна атмосфера, по која граѓаните ќе гласаат „за“.
Ова вчера од Крива Паланка го истакна премиерот Зоран Заев кој појасни не би требало да се потрошат повеќе пари бидејќи, какао што рече, самиот референдум не е како парламентарните избори и не бара многу трошоци за кампања
– Нашите намери се референдумот да мине во што попријатна и попривлечна атмосефа за граѓаните, поразлична од какви и да било други изборни процеси. И затоа верувам дека граѓаните во таква пријатна атмосфера ќе излезат и ќе гласаат „за“ – рече Заев.
Денеска завршува пролонгираното време за пратеничките групи да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата и дали се „за“ или „против“. До сега се изјаснија само партиите од владејачкото мнозинство, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде соопштен денеска.
Во меѓувреме, Собранието соопшти дека 71 пратеник активно ќе учествува во кампања „За“ на референдумот, а пратеникот Антонијо Милошоски е дециден дека ќе бојкотира.