Избор на Петар Атанасов за заменик-министер за образование

120

Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ денеска на собраниска седница се очекува да биде избран за заменик-министер за образование и наука.

Точката за именување на заменик-министер за образование е ставена како 20-та на денешната седница на Собранието на Република Македонија.

Атанасов на 23 овој месец поднел оставка на функцијата пратеник, а на негово место треба да седне Снежана Калеска Ванчева од листата на СДСМ во Изборната единица 1.

На дневен ред на денешната 58. собраниска седница ставени се вкупно 34 точки на разгледување од различни области.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...