Димитров-Готемолер: Одлучно се оди по патот до членство во НАТО

84

Актуелната соработка со НАТО и подготовките што ги презема Македонија во рамки на пристапниот процес за членство во Алијансата беа тема на разговор меѓу шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и заменик генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер.

На средбата во Брисел, министерот Димитров се осврнал на моменталната состојба во државата, текот на подготовките за престојниот референдум и на имплементацијата на реформите.

– Ви благодарам за поканата за пристапни преговори за Република Македонија на Самитот во јули. Одлучно одиме по патот до членството што го зацртавме уште пред 25 години. Ќе ја завршиме оваа незавршена историска мисија, во интерес на стабилноста и просперитетот на Република Македонија, на стабилноста на Балканот и на стабилноста на Европа – истакнал Димитров.

Заменик генералниот секретар на НАТО, како што информира македонското Министерство за надворешни работи, изразил подготвеност за сестрана поддршка кон заложбите на Македонија за приклучување кон Алијансата и надеж дека државата ќе знае да ја искористи широко отворената врата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...