Законите за изменување и дополнување на Законот за судовите и на Законот за Судски совет се на денешната седница на Владата.
На дневен ред на седницата, како што соопшти владината прес-служба е и Информацијата за работната дефиниција за антисемитизмот усвоена од страна на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА).
Министрите ќе ја разгледаат и Информацијата со Предлог-одлуката за формирање на Управен одбор на проектот Самовработување со кредитирање и Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање нови работни места, на предлог на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
На седницата на Владата ќе се најде и Информацијата за реализација на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води и рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Битола“, како и информациите за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот рехабилитација и реконструкција на автопатите, експресните и регионалните патни делници во Република Македонија.