Вие само продолжете да се заебавате. Референдумот не се избори за да наебете, ама после него, за вас другарице и другови сељачистички егоисти, интересџии, а и за вашите поддржувачи, идат баш тие, парламентарните избори. Избори на кои, ако продолжите вака, а со ништо не покажувате дека ќе биде другачие, ондак, први ќе настрадате вие, кои, сега глуматате некаква власт и парламентарно мнозинство.
Ако продолжите вака, и ако не направите генерална чистка после референдумот, не ги казните политички па и кривично сите негативци кои покажуваат иста дрчност кон народните пари и начин на владеење како и претходните, ондак, најмалку 80% од оние кои на референдумот ќе гласаат “за”, нема да ве одберат вас.
Имате бесплатен превоз на територија на цела држава, алооо! И автобуски и шински и езерски. Имате и станови во Скопје, и роднини со станови во Скопје, на кои ќе им плаќате евтина кирија од платите кои ги зимате, а не од моите пари.