На локалната магистрала Кичево-Осломеј во близина на селото Осломеј има свлечиште на патот и сообраќајот се одвива во една коловозна лента.
Информирани се РЕК „Осломеј“ како надлежни за одржување на овој патен правец и во текот на денот се очекува да преземат мерки за да се оспособи во целост овој патен правец.
По обилните врнежи од дожд и наглото топење на снегот, по навремено преземените мерки од надлежните општински служби немаше поплави во големи размери во Кичево.
– Проблеми со поплавите нема, бидејќи навремено се реагираше на Зајашка река со вреќи наполнети со песок и земја, што придонесе да имаме само мал дел на куќи поплавени со сосема мала штета – изјави командантот на општинскиот кризен штаб Рамиз Реџепи.
Што се однесува до патниот правец кон Крушино, како што истакна Реџепи, тој веќе од страна на „Гранит“ е времено поправен и прооден, но сообраќајот поради големото оштетување се одвива со тешкотии.