Прилепчанец пријавил во полиција дека тројца разбојници му го украле ранецот во кој имал 8,8 милиони денари.
Вчера во Струга во 14,20 часот Д.З.(26) од Прилеп пријавил дека на улицата Битолски конгрес физички бил нападнат од три непознати лица кои потоа го испрскале со солзавец и му го земале ранецот. Според пријавата, во него имало 8,8 милиони денари.
Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.