Превезувал мигранти во иранска „сканија“

91

На царинскиот терминал „Богородица“, вчера напладне при преглед на товарно моторно возило „сканија“‘ со ирански национални ознаки управувано од М.М.(32) во горниот дел на приколката биле откриени три лица илегални  мигранти.

На местото на настанот бил испратен патролен тим од полициската станица за граничен премин „Богородица“, по што било констатирано дека се работи за три лица од Авганистан, по што возачот и илегалните мигранти биле приведени и со потврда за предадени лица биле предадени на полициски службеници од полициската станица Михајлово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...