Денеска е Голема Богородица

Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

241

Денеска е Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, во манастирот во Матка, кај Скопје денеска ќе се одржи божествена лирургија, со која ќе чиноначалствува архиепископот на Македонската православна црква Охридска архиепископија г.г Стефан.

Во дворот на манастирот, традиционално ќе се одржи крводарителска акција.

По повод празникот синоќа во манастирот се одржа вечерна богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.

Инаку, Пресвета Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од Муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица.

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

На овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода.

Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...