Во Кривичниот суд денеска почна рочиштето за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.
Во судницата е присутен Заев, но не е дојден сведокот Иван Николов, за кого, како што беше речено на рочиштето немало доказ за уредна достава на поканата.
Одбраната побара да се утврди дали имало наредба за тајно снимање и потоа да се премине на главната расправа. Адвокатите притоа се повикаа на пресуди од Судот за човекови права.
Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.