Шкендија убедливо ја совлада Беласица

84

Македонскиот првак Шкендија ја совлада  струмичка Беласица со 4:1 попладнево во Тетово во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Беласица по само десет минути игра со голот на Ирфан Вусљанин поведе со 0:1.

Иако домаќините настапија со комбиниран состав поради реваншот против Розенборг, на крајот сепак целта ја оствариja, а играч на натпреварот беше Изаир Емини кој постигна хет-трик за Шкендија.

Емини беше прецизен во 35-та минута за израмнување од 1:1, а четири минути подоцна Жуниор и донесе водство на Шкендија од 2:1.

Во второто полувреме Емини постигна уште два гола за  убедлива победа на актуелниот шампион од 4:1.

Шкендија по два реми натпревари успеа да стигне до првата победа во новата прволигашка сезона

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...