Синоќа, 15 минути пред полноќ, гром ја погоди црквата „Свети Теодор Тирон“ во селото Долно Српци во општина Могила.
Искршени прозорци, стакло на сите страни, изгорена електрична инсталација. Таква била глетката која жителите утрово ја затекнале внатре и околу црквата. Штета има и во околните куќи. Жителите на селото велат дека не паметат вакво невреме со толку силни грмотевици, јави Сител.
Од црковниот одбор за телевизијата велат дека оштетен е голем дел од внатрешноста на црквата, а искршени се стаклата и оштетен е ѕидот.