САД со воведените царини за челик и алуминиум влијаат врз светската економија

167

Европската комисија в среда ќе ги разгледа можните противмерки на американската одлука за воведување царини за увоз на челик и алуминиум дали се во согласност со правилата на СТО, со најава за „брз, цврст и пропорционален“ одговор.

Портпарол на ЕК нагласи дека противмерките се потреби за заштита на европските итнереси и дека целта „не е ескалација“.

Со еднострана американска одлука за воведување царина од 25 отсто на увоз на челик и десет отсто на увоз на алуминум им се дава право на американските трговски партнери да одговорат на ист начин, според Светската трговска организација.

Претседателот на Европската комија Жан Клод Јункер во петокот рече дека одлуката на Трамп „е за жалење“ и најави контрамерки.

– Сега ќе воведеме царина на мотоцикли, Харли Дејвидсон на фармерки, на бурбон, рече тој додавајќи дека тоа е „глупаво“, но потребно.

Светскиот економски раст се темели врз основа на трговијата. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повеќепати од доаѓањето на Трамп на власт предупреди дека протекционистичките тенденции штетат на глобалното опоравување.

Новиот претседател на американскиот Фед, Џером Пауел во четвртокот изрази резервираност за трговските санкции. На сослушувањето во Сенатот оцени дека „царините не се најдобар начин“ и потсети дека „генерално“ трговијата има „позитивно влијание“ врз економијата.

– Економските последици на тие царини врз маркоекономските услови ќе зависат најмногу од нивното влијание на довербата на домаќинствата и фирмите, вели Мики Леви, економист на консултанската куќа Беренберг Капитал Маркетс.

Царините на увезените производи би можеле да доведат до зголемување на цената во различни сектори.

„Мораме да ја заштитиме нашата земја и нашите работници, напиша Трамп во петокот на Твитер оправдувајќи ја воведената царина.

Но, далеку од тоа е дека сите се согласуваат со аргументот дека воведувањето на високи царини ќе ги сочува работните места или нивното отворање.

Американските здруженија на фармери од четвртокот изразуваат жалење поради новите мерки на Трамп истакнувајќи дека со желбата да заштити производители на челик и алуминиум, тој отвора пат за противмерки што тешко ќе погодат други сектори како што е земјоделието.

Во 2002 година претседателот Буш воведе царини за челик што беа на сила 18 месеци. Во тој период речиси 200 илјади американски работни места трпеа последици од таа протексционистичка мерка, наведуваат економисти од Оксфорд Економист во документ објавен минатата недела што се темели на истражување спроведено во тоа време.

Речиси веднаш по објавувањето на мерките се случи пад на светските берзи – индексот Дауд Џонс се намали на Волстрит за 1,7 отсто, јужнокорејскиот Сенг за 1,5 отсто, јапонскиот Никеи за 2,5 отсто.

Во истиот момент Тојота соопшти дека таквите царини „значително ќе ошетат“ производители на автомобили бидејќи тоа значи и повисоки цени за автомобилите за американските купувачи.

САД, Канада и Мексико повеќе од шест месеци водат тешки преговори за редефинирање на Северноамериканскиот договор за слободна трговија. Тој договор стапи на сила 1994 година, а Трамп го оцени како “катастрофа“ и постојано упатува закани дека ќе излезе од него ако преговорите не резултираат за поволен договор за американските фирми и работници.

Седмиот круг преговори се очекува да заврши в понедленик во Мексико, но аналитичари предупредуваат дека одлуките на Трамп може да ги усложнат задачите на трите држави.

Кина релативно мирно ја прими таа американска мерка на официјален Пекинг, но сепак објави дека „размислува“ за ограничување на увозот за соја од САД.

Кина порача дека ќе ги усвои „потребните мерки“ за да ги заштити своите извозници.

– Кина не сака да води трговска војна со САД, но сигурно нема мирно да седи и да гледа како се загрозуваат кинеските интереси. Доколку политиката се темели на погрешни одлуки или претпоставки, тоа ќе наштети на билатералните односи и ќе предизвика последици кои ниту една држава нема да сака да ги види, изјави Жанг, поранешен кинески амбасадор во САД.

Сепак, малкумина или речиси никој во светот не ја разбира пораката на Трамп дека САД сакаат „слободна, чесна и памена трговија“. Можна е или „слободна трговија“ или царини што е сепак спротивно на договори во СТО.

Очигледно е дека американските царини за челик и алуминиум би биле кобни и за сосем други стопански гранки и дека целата таа трговска војна ќе предизвика последици што тешко можат да се предвидат.

Директорката на ММФ, Кристин Лагард повикува на смирување на страстите, но истовремено ја предупредува Кина дека треба да ги намали своите преголеми капацитети од челичната индустрија.

Европското здружение на производители Еурофер проценува дека американските царини ќе предизвикаат голем пад на европскиот извоз во САД.

Првите проценки укажуваат за минус од 50 отсто, па и повеќе.

Во студија на Американската економска асоцијација се нагласува дека во американската индустрија на челик меѓу 1962 и 2005 укинати се три четвртини работни места. Тој тренд продолжува и по 2005 година. Меѓутоа, продуктивноста во тој сектор за секој работник е зголемена дури петпати.

„Поради тоа, зголемувањето на бројот на вработени може да биде многу помал отколку што се надеваат многумина, се вели во студијата објавена од агенцијата Еконофакт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...