Димитров – Петерсен: ОБСЕ/OДИХР со 270 набљудувачи за референдумот

98

Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен (Норвешка), шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за Референдумот на 30-ти септември 2018, соопшти МНР.

– МНР Димитров изрази задоволство од прифаќањето на неговата покана – ОДИХР да испрати набљудувачка мисија за Референдумот во Република Македонија. Тој го истакна историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето, кое е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така и врз политичкото стабилизирање на Регионот. Димитров ја реафирмира подготвеноста на Република Македонија за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, стои во соопштението.

Од таму велат дека Амбасадорот Петерсен се заблагодари од можноста за средба и ги пренесе основните информации за оваа мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Тој информирал и за планираните активности на Набљудувачката мисија во период до Референдумот и на самиот ден на изјаснување, која инаку согласно препораката на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР би требало да брои околу 270 набљудувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...