Алијансата бара Обвинителството и МВР да поведат постапка против заканувачите на Села

349

Го повикуваме Јавното Обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да преземат мерки и да ги најдат заканувачите на претседателот на Алијансата, Зиадин Села, соопшти Алијансата за Албанците, рагирајќи на заканувачки пораки до Села објавени на социјалните мрежи.

– Ово се кукавички закани од хулигани кој потојано упатуваат навреди кон пратеникот и претседател на Алијансата,  Зиадин Села потсетувајќи го за 27 април, со жалење зашто не им подлегнал на повредите во моментот кога сите мислеле дека е мртов. Една таква закана синоќа беше упатена од Фб профилот ,,Македонски лавови“ – велат од Алијансата.

Од Алијансата велат дека Села не се плаши од заканите, но реагираат оти тие влијаат на нарушување на меѓуетничките односи, посебно кога институциите не преземаат мерки за изнаоѓање и казнување на хулиганите.

– Го потсетуваме МВР и Јавното обвинителство дека пред извесно време имаше закана кон премиерот Зоран Заев кога МВР и Обвинителството експресно ги пронајдоа сторителите кои што упатија слични закани како вчерашниот настан со пратеникот  Села. Се поставува прашањето дали во овој случај институциите ќе преземаат мерки против заканувачите на Зиадин Села? За жал, тешко дека ќе бидат преземени мерки бидејќи обвинителството работи со двојни стандарди, едни за Албанците и други за Македонците, соопшти партијата.

Од Алијансата апелираат до членството и до сите граѓани да не подлегнуваат на ваквите провокации, а институциите да ги преземаат сите мерки и да ги казни сторителите, во спротивно ќе ги сметаат за соработници и наредбодавци на хулиганите кои што поттикнуваат етничка омраза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...