Камбовски: Организиран бојкот на референдумот е кривично дело и е казниво

Тој вели дека одлуката за референдумското изјаснување за членство во НАТО и ЕУ со признавање на Договорот со Грција ја донесе Собранието, е законита, што значи мора да се спроведе.

664

Никој не смее да ги организира граѓаните да не се спроведе референдумот на 30 септември, зашто тоа ќе се смета за кривично дело организирање на отпор за извршување на донесена законска одлука, вели за СДК академик Владо Камбовски.

Тој вели дека одлуката за референдумското изјаснување за членство во НАТО и ЕУ со признавање на Договорот со Грција ја донесе Собранието, е законита, што значи мора да се спроведе.

Според академик Камбовски, секој може јавно да го каже своето мислење дали е „за“ или „против“ поставеното референдумско прашање или е за бојкот на референдумот, но никако не смее да ги организира граѓаните да не излезат да гласаат. Секој граѓанин, политичар, движење, партија, носител на јавна функција, секој индивидуалец во овој процес треба да биде внимателен, препорачува Камбовски.

– Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда), а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе – споредува Камбовски.

Повеќе прочитајте тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...