На регионалниот пат Велес-Градско, вчера околу 18 часот непознато лице управувајќи автомобил со непозната марка, удрило во пешакот Д.В.(33) од село Аџиматово, велешко.
Возачот со автомобилот избегал, додека Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.