Кризниот штаб против референдумот чувствува потреба да му ја освежи меморијата на марионетата Христијан Мицковски кој манифестира селективна сенилност со изјавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања со сопствени партиски средства и не сака буџетски пари за референдумот, реагира Крозниот штаб.
– За кој сопствени партиски средства зборува марионетата Мицкоски?!
Го потстетуваме Мицкоски дека само пред еден месец лично постави услов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за изборот на ДИК а за возврат да се зголеми годишното финансирање на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од буџетот за 2,5 пати. Во бројки тоа значи дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ годишно добиваат од буџетот по 2,2 милиони евра или во еден изборен циклус од 4 години ќе добиваат 8,8 милиони евра од буџетот.
Значи, Мицкоски најбезобразно лаже дека ВМРО-ДПМНЕ нема да користи буџетски пари за кампањата за референдумот кога веќе заедно со СДСМ ја добија од буџетот сумата од 2,2 милиони евра за 2018 година за редовно годишно финансирање на партиите од буџетот, стои во соопштението.
Кризниот штаб го повика Мицкоски да повика на бојкот на рфеферендум и на тој начин да биде на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во дијаспората, кои нема да излезат на референдумот оти не сакаат промена на вековното македонско име.