Аеродром прва општина со ИСО стандард

51

Општина Аеродром успешно ги имплементираше новите барања и целосно ја спроведе транзицијата од стандардот ISO 9001:2009 во стандардот ISO 9001:2015, со што станува првата општина во Македонија општина во државата која воведе ИСО стандард.

– Тоа во практичното работење значи строго почитување на законите и актите на локалната самоуправа, поголема одговорност и отчет пред граѓаните и активно вклучување на администрацијата во унапредувањето на Општината, се вели во денешното соопштение од општината.

Имплементирањето на ISO стандардот во работењето на Општина Аеродром, посочуваат оттаму, овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, како и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...