Зошто славењето на она што значи да се биде жена да трае само еден ден. Зошто да не се два?!
Забавата за Денот на жената во првиот вистински блуз и џез ресторан во Скопје, „Бистро Скопје“, започнува од 14 часот со „Бојана Фабел квартет“. Комбинацијата на уникатниот глас на Бојана Фабел и извонредна храна по која Бистро Скопје е веќе познато, прават вистински почеток на празнувањето на 8 Март.
Од 21 часот истиот ден, по барање на редовните гости на „Бистро Скопје“, започнува настапот на „Trio Gentlemen“, момците со силни гласови и нежни срца.
Резервирајте маса на време во „Бистро Скопје“ на 071/352-265 или во „Чув де Чув“ на 078/520-552 или поминете на Аперол на шанк! Влезот е слободен.
Петокот, пак, е резервиран за концертниот настап на мајсторите на добриот звук – групата „Фолтин“. Уникатната звучна магија на „Фолтин“ ќе ве вовлече во вителот на љубовта и страста, надреалното и возвишената леснотија на постоењето во „Бистро Скопје“!
Бројот на места за концертот на „Фолтин“ е ограничен, затоа резервирајте во „Бистро Скопје“ на 071/352-265 или во „Чув де Чув“ на 078/520-552.
Нека почне славењето на нејзиното височество – Жената.
(Промотивен текст)