Папа Франциско до родителите: Молба и рабирање за хомосексуалните деца

Тој ги повика родителите да не одговараат со молчење.

192

Папата Франциско изјави дека родителите на хомосексуалните деца не треба да ги осудуваат, да ја игнорираат нивната ориентација или да ги бркаат од дома, туку да се молат за нив, да разговараат и да се обидат да покажат разбирање.

На крајот на неговата посета на Ирска, папата пред новинарите рече дека отсекогаш имало хомосексуалци и луѓе со склоност кон хомосексуализам. На прашањето што би рекол на татко чие дете само што ја пројавило својата хомосексуалност, папата рече дека прво нешто што би посоветувал е молитва.

– Не осудувајте. Водете дијалог. Покажете разбирање и дајте му можност на детето да се изрази – рече поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата додаде дека можеби треба да се побара психијатриска помош ако детето се однесува загрижувачки, но тоа е различно кога станува збор за дете, а не за возрасен човек.

Тој ги повика родителите да не одговараат со молчење.

– Таквото дете има право на семејство. Толку страдав кога во саботата разговарав со осум ирски жртви на сексуални напади  Мислам дека требаше да сослушам овие осум лица. За мене тоа беше болно, но придружено со утехата дека можам да помогнам за разјаснување на работите – рече папата пред новинарите во авионот со кој отпатува од Даблин по дводневната посета на Ирска.

Тој додаде дека „нема да каже ни збор” за документот од 11 страници составен од поранешен официјален претставник на Ватикан, а на кој се наведени обвинувања за сексуални злоставувања.

Поранешниот висок претставник на Ватикан, Карло Марија Вигано вчера побара од папата Франциско да поднесе оставка, бидејќи, како што тврди, пред пет години му ги предочил обвиненијата за сексуално злоставување, со кои бил соочен поранешниот кардинал Теодор Макерик.

Макерик, чија оставка папата Франциско ја прифати минатиот месец, е прв кардинал кој поднел оставка од висока позиција во црквата, откако истрагата утврдила дека наводите за злоставување на 16-годишно момче се „кредибилни“.

Вигано во писмо на 11 страници, доставено до римокатоличките медиуми, објаснил дека на папата уште во 2013 година му ги предочил наводите за сексуално злоставување на нискорангирано свештенство, кои му се препишувале на Макерик. Тој е еден од највисоките црковни претставници обвинети за сексуално злоставување.

Папата ги повика новинарите внимателно да го прочитаат документот и сами да одлучат дали е веродостоен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...