ОJО Гостивар трага по сторителот на тројното убиство во Дебар

Сторителот засега е непознат.

149

Основното јавно обвинителство Гостивар информира дека врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица.

Според првичните сознанија, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија.

Сторителот засега е непознат.

„Надлежен јавен обвинител е на терен и работи на откривање на сторителот и на утврдување на мотивите. Во таа насока, издадени се серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси“, информираат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...