Американски конгресмени во посета на Собранието

Утре когресмените Коноли, Титус, Дејвис, Прајс и Флорез ќе бидат запознати со активностите на Парламентарниот институт.

182

Петмина американски конгресмени денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент.

Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда, треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

Потоа предвидено е американските конгресмени да имаат разговори и со претседателите на повеќе собраниски комисии. Поединечни средби ќе имаат со претседателите и членовите на комисиите за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а ќе се сретнат и со членките на Клубот на жени пратенички.

Утре когресмените Коноли, Титус, Дејвис, Прајс и Флорез ќе бидат запознати со активностите на Парламентарниот институт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...