Доаѓа време за нова одлука, кога треба да го направиме следниот чекор од овој вистински пат по којшто се движи Македонија. Имаме историска можност на престојниот референдум да излеземе и заедно да избереме сигурна иднина, порача Костадин Костадиновски, пратеник на СДСМ.
– Македонско-грчкиот договор ширум ги отвора европските перспективи, обезбедува членство во Европската унија и НАТО со загарантиран македонски идентитет. Со членството во Европската унија значителноќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Тоа значи многу повеќе пари и за нови патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици, за нови училишта, градинки.Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, а македонските прозиводи стануваат рамноправни на големиот европски пазар – рече Костадиновски.
Тој додаде дека досегашните искуства на земјите од регионот покажуваат дека по влезот во ЕУ, економскиот раст се интезивира, невработеноста се намалува, а расте извозот и бројот на нови работни места.
– Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард. На пример бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23%, на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска, по членството во ЕУ. Членството во ЕУ и НАТО носи огромни придобивки за сите нас. Да излеземе на рефереднумот и заедно, обединети, да ја обезбедиме македонската иднина како рамноправна членка во ЕУ и НАТО, со зајакнат и заштитен македонски идентитет. На референдумот на 30 септември да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет, да кажеме силно ДА за европска држава, ДА за македонската иднина – рече Костадиновски.