Во невремето кое синоќа ја зафати Хрватска, најтешко поминаа подрачјата на Истра и Кварнер. Како што јавива порталот Истрамет, најжестоко било на подрачјето на Пореч каде најсилно врнел дожд. Патиштата се преплавени, а во Пореч водата избивала од шахтите.
Најмногу дожд наврнал во Умаг, дури 61 милиметри.
Од удар на гром е повредено еден турист во камп кај Пореч. Оштетени се и возила од икорнати дрвја.
Без електрична енергија останале повеќе населени места.
Бурно било и на крајниот југ на Хрватска. Според „Далмација денес“ невреме со громови го погоди јужен Јадран во утринските часови. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале 40 литри дожд што предизвикало поплава во градот.
Забележани се и одрони на патиштата.
Невремето предизвикало проблеми и во авиосообраќајот, така најмалку три авионски линии и тоа од Рим, Атин и од Истанбул се пренасочени на други аеродроми.
Поради силен ветер автопатот Ријеја – Загреб е отворен само за автомобили.