Во време пред референдумот сите пишуваме на таа тема која нормално ја окупира целокупната македонска јавност. Прочитав во „Фокус“ од 24 август дека постоел некаква опција за бегство на Груевски од земјата, поточно во Унгарија кај неговиот пријател Орбан, замена за амнестијата, а за возврат опозицијата партијата ДПМНЕ да се изјасни за излегување на референдумот. Не верувам дека вакво нешто може да се случи иако информацијата потекнува од добро упатени соговорници.
Да ја претпоставиме таквата опција на „амнестија со бегство„ да се случи, не знам какви ефекти би се добиле. Малку ќе се занимаваме со „математички пресметки“, оние на Мицкоски, што би се случило кога би се случило. Мицкоски после консултирање со народот ќе одлучи да ги повика членовите на ДПМНЕ да излезат на референдумот и да гласат „за“ или „против“, важно е да не се бојкотира референдумот. Што ќе се случи? Мицкоски уште не е етаблиран како лидер на ДПМНЕ со авторитет кај целокупното членство на партијата, па така дел ќе ја почитува а другиот дел нема да ја почитува неговата одлука. Делот составена од тврдокорните членови предводени од Џуџето Милошоски ќе го бојкотираат референдумот и нема да излезат на гласање. Останатиот дел на партијата ќе излезе на референдумот и независно како ќе гласа важно е дека со овој дел нема да се исполни цензусот од 900.000 гласачи.
Не спорно е дека со половината пратеници на опозицијата ќе се направат уставните промени спрема барањата од Договорот со Грција. Меѓутоа ова може да се постигне и без „амнестија со бегство„ со тоа што ќе се „убедат“ потребниот број на пратеници од опозицијата за да се постигне двотретинско парламентарно мнозинство потребни за уставните промени. Заклучок: Голема цена и брука без ефекти.
Во таквата претпоставена ситуација што ќе добие Заев? Ќе се намали рејтингот на СДСМ од сегашните скоро изедначен на половина од околу 12 проценти. Наспроти ова, партијата ДПМНЕ ќе го зголеми рејтингот на околу 36 проценти. Плус меѓународната заедница ќе го „искара“ а можни се и некакви последици по него. Заклучок: Со „амнестијата бегство“ Заев и СДСМ ќе бидат големи губитници.
Јас размислувам за една друга опција пореална и многу ефективна. Никола Груевски против кој се водат повеќе обвиненија од СЈО, од кои предметот „Тенк“ се чека потврдување од Апелација на пресудата од првостепениот суд со што ќе биде осуден на 2 години затвор. Не знам какви правни процедури постојат, но сигурно е дали одма или после извесно време тој може да се стави зад решетки. Во тек треба да течат и другите предмети што се водат против Груевски и фамилијата.
Што се добива со ова опција. Многу. Прво, ќе се спроведе законот и ќе почнеме да наликуваме на правна држава што од нас постојано го бара меѓународната заедница. А кога ќе се затвори Груевски како шеф на фамилијата, за другите членови на фамилијата ќе биде многу полесно да се завршат предметите што се водат против нив. Кога веќе шефот е во затвор за другите ќе биде многу полесно. Ова ќе го отвори процесот на преобразување на Македонија во правна држава со што ќе добиеме големи позитивни поени на меѓународен план во остварување на реформите кои се неминовни.
Втората предност, Заев и СДСМ ќе добијат големо признание од македонската јавност со што рејтингот ќе се зголеми од сегашните 24 можеби на околу 36 проценти, а рејтингот на ДПМНЕ ќе се намали на околу 12 проценти. Процентите можеби не се точни, но битно е фактот дека рејтингот на СДСМ со сигурност значајно ќе се зголеми. На личен план Заев ќе се потврди како реформатор и човек кој останал на своите изборни ветувања во преобразба на Македонија во правна држава. Со ова лично Заев ќе добие силна доверба и кај Меѓународната заедница која му е потребна за идната политичка кариера.
Трета најзначајна предност се ефектите од случувањата во партијата ДПМНЕ. Со ставањето на Никола Груевски во затвор партијата ДПМНЕ ќе биде обезглавена без неприкосновениот шеф. На секој му е јасно дека сега, и во иднина доколку биде на слобода, со партијата раководи тој а лидерите како Мицкоски или некој друг ги извршуваат целосно неговите наредби. Сега имаме ситуација „и по Груевски, Груевски“, а со неговото лишување од слобода ќе имаме друга ситуација – крај на груевизмот. Исто е како кога ќе умре матицата кај пчелно семејство поради што пчелите умираат доколку не се направи нова матица. Без него, Мицкоски и партијата ќе немаат налогодавач па најверојатно ќе почнат да водат своја самостојна политика без туторство на Груевски. Постојат и други можни случувања со тоа што партијата ДПМНЕ, без кохезионен фактор со авторитетот на Груевски, да се подели на повеќе фракции, на пример, реформисти, тврдокорни и некои трети со што партијата повеќе нема да биде монолитна. Во таков случај можна е ситуација да настане конструктивна опозиција од страна на реформистите и деструктивна од страна на тврдокорните, што е многу корисно за земјата.
Со ова конструирана опција, Владата на СДСМ ќе го добие парламентарното двотретинско мнозинство потребно за уставните промени поврзани со барањата на Договорот со Грција, што се постигнува без никакви отстапки на ДПМНЕ со нивните уцени за било каква амнестија. Тоа двотретинско мнозинство ќе биде потребно и во реализирање на реформите што ќе уследат.
Заклучок: Полн погодок, подобро не може да биде. Да се почне процесот…