Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 20 часот до еден по полноќ беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.
Полициски службеници во Полоциска станица Кисела Вода и Карпош привремно задржале 13 мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Привремено задржани се по четири моторцикли “Кавасаки” и “Хонда”, по две “Сузуки” и “Јамаха” и еден моторцикал “КТМ”.
По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 25 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.