Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има поројни врнежи од дожд и грмежи, а можна е и појава на град, особено во северните делови.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервал од 26 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите од 16 до 33 степени.
Позначителна промена на времето ќе има од утре попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.
Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта, како и во понеделник, особено во источните делови.
Во вторник се уште на места ќе има врнежи од дожд и ќе продолжи да дува засилен северен ветер.
Во понеделник и вторник дневната температура ќе се намали за околу десет степени, особено во северните делови.