Од аспект на терористите, најзаебано е тоа што крвавиот пуч од 27 април го изведоа во директен телевизиски пренос. Плус, во директни преноси од стотици мобилни телефони што во соработка со социјалните мрежи ја правеа драмата во Собранието видлива за цела Македонија и за целиот свет. Да не зборуваме за внатрешните безбедносни камери во Собранието, кои, исто така, регистрираа низа важни моменти од големото злосторство.
Ако биле свесни за овој момент, тоа значи дека сакале да бидат видени како борбени втемелители на нова и чиста Македонија, што значи дека злосторничките намери ги комбинирале со својата немерлива глупоќа, а ако не биле свесни, тогаш биле односно се, чисти идиоти.
Глупоста станува сè повулгарна
Но, друго ми беше зборот. Судскиот процес не се води за да се утврди кај биле, зошто биле таму кај што биле и што правеле во времето на злосторството, Крсто Муковски или Владо Јовановски или Игор Дурловски и Бетмен, судијата тоа го знае, го знае тоа целата јавност, прашањата од тој тип се строго формални, луѓето се слободни да тврдат дека им носеле вода на полицајците, дека фаќале мушички со голи раце, дека вратата од Собранието ја отвориле за да влезе чист воздух и деливери сервисот на „Пица Фамилија“, секој има право да се брани како знае и умее, проблемот е во тоа што фактите што сакаат да ги скријат со овие инфантилни егзибиции се утврдени и нивната парада нема да има никаква врска со резултатите од судскиот процес против нив. Тој процес нема за цел да ја докажува вината на актерите затоа што таа е евидентна, туку да утврди две други работи: степенот на таа вина и злосторничката организација, организацијата на злосторничкиот потфат, мрежата на актерите, хиерархијата, целите, методите, ресурсите, аспекти што неизбежно ќе ја доведат правдата до главниот одговорен и по линија на субјективната и по линија на објективната одговорност, Никола Груевски.
Во меѓувреме, инфантилноста на одбраната драстично ја влоши ситуацијата на обвинетите. Адвокатот на Чафков изјави дека неговиот клиент им ги спасил животите на пратениците. Па, добро, да речеме дека е така, дека Чавков им ги спасил животите на пратениците, но во тој случај, драг мој Сашо, ти тврдиш, односно твојот клиент тврди, дека пратениците требало да бидат убиени, мислам дека не си свесен за импликациите на своето просерување врз главата на својот клиент, така што во натамошниот тек на процесот ќе треба да кажеш од каде ти е таа информација, кој требало да ги убие пратениците, по чив налог итн. итн.
Или земете го предвид овој момент:
Ако Крсто Муковски случајно се нашол пред вратата на Собранието во терминалната фаза на крвавиот пуч од 27 април, тогаш тој се ослободува себе и сите други од ореолот на уставобранителската позиција на која инсистираат цело време и тие и нивната злосторничка инсталација и нивната будала од претседател. Значи, драги пејачи, глумци твитерџии, сендвиџмејкери и остала багро, го браневте уставниот поредок или одевте по ќебапчиња (Адеми). Добро, точно е дека уставот може да се брани и со прекумерна ждеража на ќебапчиња, но, сепак, сакам да прашам: кој ве вака заеба и заплетка!? Јас ќе ви кажам: не е тоа ниту Груевски, ниту Мијалков, само сивата маса што ви ја просеаја низ креветната пружина, во партијата на вмороните, е виновна, да си ги барате крупните парчиња од Мицкота. Или останете трудни, обидете се да затрудните, нема врска кој кого ќе ебе, важно е да отечете во стомаците, гледајте Гоца ваша како се брани, хахаха!
Глупоста станува сè повулгарна не поради друго туку само поради своето просташтво, им бега на сè посуптилните инструменти на интелектуалниот надзор… нашиот разум е препаметен за да може да се одбрани од така глупавата глупост. Тоа значи дека паметта треба да се симне неколку скали за да ѝ се доближи на глупоста и да ја победи. Не целосно, зашто на што ќе личи Македонија без глупост, туку доволно за да ни го направи животот забавен и динамичен, но без моќ да влијае врз општите правци.
Еве како изгледал еден обид за доближување на паметта до нивото на глупоста:
На Христијан му рекле: Мицко, ти си супер момче, не го слушај оној Тричковски, ти си идниот скипер на македонскиот брод, но ние не можеме да ти помогнеме ако државата остане надвор од нашиот делокруг поради лошите резултати на референдумот. Или ако излезе од сите делокрузи. И уште му рекле: Христијан, ти добро жонглираш со двете најважни топки, таа на чувствата и интересите на најпримитивниот слој од македонското општество, хистеризиран на темата за одбраната на светото име, ние разбираме дека тоа е материјалната база на враќањето на власт на вмро-дпмне, и топката на меѓународниот опортунитет околу референдумот како адаптација без која нема враќање на власт.
Невер!
Па добро, мајката, како можам да го контролирам просташтвото и да навивам за референдумот, прашал Мицко!
Е, тоа е твоја работа. Политиката е уметност на хармонизирање на две или повеќе спротивставени опции, му рекле странците.
Опцијата ВМРО против остатокот на светот е строго во склад со македонскиот самоубиствен политички фолклор во кој Македонецот не можеш да го мобилизираш за ниту една битка ако не му гарантираш дека ќе ја загуби!
Но јас мислам дека и обработката на Мицкота и свеста кај некои други влијателни луѓе ќе откинат важно парче од корпусот на традиционалната вмровска свињарија и ќе го искористат референдумот како згодна прилика да престанат да прават будали од себе и од народот.
Тоа значи дека ќе мора да се случи ослободување макар на дел од ВМРО-ДПМНЕ преку мртвото политичко тело на бившиот шеф.
Манипулација
Русо можел да каже дека „благата манипулација со јавното мислење е најдобар начин да се променат навиките на луѓето“ затоа што филозофирал пет века пред појавата на Внатрешната македонска револуционерна организација, која во меѓувреме успеа да покаже дека манипулацијата не мора да биде толку блага за да се постигнат истите или уште подобри резултати.
Не знам дали славниот Французин ги анализирал последиците на манипулацијата врз самиот манипулатор, но светското филозофско наследство може да биде спокојно: македонското искуство од почетокот на дваесет и првиот век покажува дека манипулаторот се арчи пропорционално на количествата промени што ги предизвикал или сака да ги предизвика.
Спиновите и говната во кои се похува македонската стварност на ринглите на социјалните мрежи и низ сто отсто кретенските и кретенизирачки телевизии, ги слабее позициите на готвачите, па на општеството и дури на крајот, на власта. Во некои аспекти тоа атомизирано просерување за сè и сешто, дури и ја засилува власта затоа што многу јасно покажува дека нема идеја, авторитет, субјект, морална или интелектуална вертикала на промените, туку само малку пообилен дожд од сеир, злоба, подјебавање, завист и по некоја добра намера, се разбира. Атомизираноста и општото кокодакање, гарантираат дека промени никогаш нема да има, или ако има, тие нема да бидат резултат на критичката јавност туку на нејзиното игнорирање. Јавноста не е во состојба да ја оплоди стварноста затоа што дозволи новите комуникации да ѝ го засилат гласот и да го отсечат курот.
Објавено во „Слободен печат“