Чаир: Инцидентот во хотел Арка не е проблем од национална основа

1527

Во врска со последните случувања кои се однесуваат на една случка во близина на Хотелот Арка во Старата Скопска Чаршија, ја известуваме јавноста дека се работи за проблем од правно-сопственичка природа и како таков случајот е под надлежност на Министерството за транспорт и врски, реагира Општина Чаир на изјавата на сопственикот на хотел Арка.

– Што се однесува до изјавата на сопственикот на Хотел Арка, истакнуваме дека проблемите од правно-сопственичка природа потребно е да се решат од страна на надлежните органи, во конкретниот случај Министерството за транспорт и врски, и на проблемот да не му се дава меѓуетнички контекст. Старата Скопска Чаршија била и ќе остане симбол на мултиетницитетот и мултиконфесионалноста исто како и цел Град Скопје. Апелираме уште еднаш проблемите од правно-сопственичка природа да не се злоупотребуваат за поттикнување на меѓуетничка омраза, соопшт Општина Чаир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...