Таткото на починатото девојче Ева Крстановска вели дека „државата не сакаше да помогне во лекувањето на Ева“. Во изјава за медиумите, Благоја Крстановски таткото на 11 годишното девојче кое почина од редок вид на леукемија, негира дека немало понуда од болница во Германија, како што изјави вчера директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.
Од болницата „Гисен“ во Германија каде што Крстаноски сакаа да ја лекуваат Ева, во имејл-комуникација одредиле приближна сума за лекувањето. Не издале профактура оти целата сума немало да ја плати ФЗОМ, туку требало да се вклучи и семејството со парите собрани од донации. Фондот инсистирал да добие профактура за да ги испочитува законските прописи. Таткото на Ева смета дека државата во ниту еден случај не постапила правилно при лекувањето на Ева: од третманот со хемотерапиите овде, до носењето на одлуката за одење во странство.
Крстаноски објаснува и дека одбиле да ја пратат Ева на лекување во Турција, како што одлучила лекарската комисија во Фондот, затоа што претходно три деца кои заминале таму починале.Тој вели и дека се обидел да разговара со министерот за здравство Венко Филипче, но „стигнал“ само до неговата секретарка.
Снимка од ТВ 24